Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година – амбициозна цел кон која треба да се работи

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Подгорица изјави дека ЕУ е „цврсто“ со Црна Гора, чиешто пристапување во ЕУ до 2028 година е „амбициозна цел кон која треба да се работи“.

„Ние сме со вас, да ве поддржиме колку што можеме. Условите за пристапување се јасни, но има и значителен напредок во Црна Гора на кој сме сведоци. Импресиониранa сум и од брзината и од квалитетот. Целиот процес се заснова на заслуги, но сигурна сум дека ќе ги постигнете своите цели“, рече таа на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Таа во рамките на регионалната турнеја се сретна и со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Црна Гора на крајот на јуни доби позитивни оценки од ЕУ за исполнувањето на привремените критериуми за членство во Унијата за поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото и безбедноста, со што се влезе во нова фаза од преговорите за прием на ЕУ, во која е од 2014 година.

Претседателот на Европската комисија особено укажа на важноста на „Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан“, потсети дека во рамките на тој план за Црна Гора стојат на располагање 380 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат достапни 27 милиони.

Фон дер Лејен повтори дека потсетила дека целта на „Планот за раст“ е да се интегрираат локалните пазари на пазарите на ЕУ.

Премиерот Спајиќ рече дека Црна Гора е „подготвена за економски напредок“ и оти очекува таа да стане членка на ЕУ до крајот на 2028 година.

„Ќе имаме инвестициска конференција и голем број компании од ЕУ кои ќе инвестираат во Црна Гора, се надевам. Направивме многу, но следните две години се клучни за понатамошен напредок. Потребно ни е сите страни да ги затворат сите поглавја до 2026 година. Тоа е амбициозна цел, но јас верувам во неа“, изјави Спајиќ.

Тој најави презентација на економската платформа „Барометар 2026“ во наредните денови, без да открие детали од тој план.

Црна Гора ги започна преговорите за прием во ЕУ во 2012 година. Отворени се 33 поглавја, а затворени само три.

По неколкугодишно доцнење во исполнувањето на критериумите од областа на владеењето на правото и безбедноста – поглавја 23 и 24, во јуни, Црна Гора доби позитивна оценка од ЕУ дека ги исполнила привремените критериуми во тие области.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Охридскиот договор е клучен за Белград и Приштина

А1он

Вучиќ откри: Се надевам дека ќе го отвориме кластерот 3 до крајот на годината

Горан Наумовски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани

Нов АСНОМ: Како до евроинтеграција на Македонија кога ЕК ги крши темелните вредности на ЕУ во Бугарија и Грција?

Горан Наумовски

Сиљановска – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Мицкоски: Европските вредности да бидат дел од нашето секојдневние, но истовремено да бидат зачувани гордоста и достоинството