Лукашенко: Западот повеќе сака преговори со Русија отколку самиот Зеленски

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Западот повеќе од самиот Володимир Зеленски сака официјален Киев да седне на преговарачка маса со Русија.

„Сега има можност за преговори и, ми се чини, треба да се започнат преговори и да се направи план за мирно решение или крај на војната“, рече Лукашенко во емисијата „60 минути“ на ТВ „Русија 1“.

Тој оцени дека Западот не може да одбие да ја снабдува Украина со оружје „за да не го загуби образот“.

„Тие не можат да вршат преголем притисок врз Зеленски, но ние им велиме – што има за притисок, само не давајте (и на Украина) пари“, рече Лукашенко.

Според белорускиот претседател, изјавите на Зеленски за завршување на конфликтот во Украина во 2025 година се „смешни – само неговите желби и ништо повеќе“.

„Зеленски нема план, тоа мора да го разберете. Нема да присилувате никого да седне на преговарачка маса под условите на Володија Зеленски“, рече Лукашенко.

Тој изјави дека почетокот на преговорите зависи од Русија и од согласноста на рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

„Кој знае дали е добро или лошо за преговорите што Русите напаѓаат поактивно од кога било на целата линија на фронтот. Се зависи од Русите. Ако Путин и Русија се согласат на мировни преговори, да, тие ќе разговараат“, рече Лукашенко и рече дека „Володија Зеленски тогаш ќе биде подготвен“.

Претседателот на Белорусија изјави дека неговиот руски колега никогаш нема да го користи нуклеарното оружје што е распоредено во Белорусија без негова согласност, пренесе агенцијата „Белта“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нападот на Белорусија ќе значи почеток на Трета светска војна

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Лукашенко: Ќе имаме право на вето за употреба на нуклеарно оружје што Русија го распоредува

Лукашенко: Нема да го дадеме Казахстан според украинското сценарио

А1он

Лукашенко отвори нуклеарна електрана на 50 километри од Вилнус

А1он

Белоруската полиција со водени топови и шок бомби ги растера демонстрантите во Минск

А1он