Денешниот терористички напад врз државната компанија Турски аероспејс индустри (ТУСАС) беше гнасен напад насочен кон опстанокот на нашата земја, мирот на нашата нација и нашите одбранбени иницијативи кои се симбол на нашиот идеал за целосно независна Турција“ рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој ги пофали безбедносните сили кои „брзо интервенираа и ги неутрализираа терористите“.
„Нашата нација треба да знае дека валканите раце што се подаваат кон Турција дефинитивно ќе бидат скршени; „Ниту една структура, ниту една терористичка организација, ниту еден злобен фокус насочен кон нашата безбедност нема да може да ги постигне своите цели“, рече тој.
„Нашата борба против сите видови терористички закани и нивните поддржувачи ќе продолжи одлучно и во повеќе димензии“, нагласи Ердоган.
Тој исто така рече дека ќе се моли за четворицата загинати во нападот и посака брзо закрепнување на 14-те повредени.