Девојка од Кентаки си ја убила мајката, па и го распарчила телото

Од:

Американката Торилена Меј Филдс од Кентаки е уапсена откако во нејзиниот двор е пронајдено распарченото тело на нејзината мајка Труди.

Телото го пронашол маж кој работел на фарма одалежена околу 80 километри југоисточно од Синсинати, пренесе АП.

Подоцна, човечки останки биле пронајдени и во тенџере во рерната во куќата.

Кога пристигнала полицијата, Меј Филдс имала крв на лицето, рацете и облеката.

Пребарувајќи ја куќата, полицајците во рерната пронашле челичен тенџере со човечки останки, а тенџерето „сеуште било топло на допир“, соопшти полицијата, додавајќи дека жртвата е мајка на уапсената жена.

Човекот кој повикал полиција рекол дека Торилена Меј Филдс можеби користела дрога.

Би можело да ве интересира

Момче во САД ги убил родителите и браќата и една сестра, втората успеала да побегне

Горан Наумовски

Mистериозно убиство на државјанин на БиХ во САД

Горан Наумовски

Кристијан го убил бебето на својата девојка затоа што не можело да оди

Доживотен затвор за таткото кој до смрт го изгладнуваше својот син во Аризона

САД: Момче е убиено додека се обидувало да ја заштити мајка си од бесниот и насилен татко

Горан Наумовски

Заменик на шериф од Флорида по грешка уби војник во неговиот дом