Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до 2026 година, а официјалниот договор ќе го потпише утре напладне.
Пешиќ вторпат седна на клупата во 2021 година, откако не присуствуваше на Олимписките игри.
По лошото Европско првенство во 2022 година и елиминацијата во осминафиналето од Италија, Пешиќ освои сребро на Светското првенство со Србија во 2023 година и бронза на Олимписките игри летово.