Ли Сунг Јун: Сакаат се да кренат во воздух, денес се можни експлозии

Од:

Севернокорејската армија најверојатно се подготвува да изврши експлозии во текот на денот на патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

„По соопштението објавено на 9 октомври, севернокорејската војска спроведува активности за кои се верува дека се поврзани со експлозии на патишта долж патиштата Гјонгги и Донгае. Можно е експлозиите да се случат уште денеска“, изјави началникот на Здружениот генералштаб на армијата на Јужна Кореја, Ли Сунг Јун, пренесува Јонхап.

Тој посочи дека Северна Кореја може да изврши експлозии долж патиштата што ги поврзуваат двете земји или други дејства со цел провокации, како што е лансирање вселенска ракета.

„Доколку Северна Кореја изврши провокација, ние ќе возвратиме силно во согласност со нашето право на самоодбрана“, рече тој.

Тој додаде дека Јужна Кореја внимателно ги следи активностите што се одвиваат на нејзините северни граници и ќе обезбеди безбедносни мерки за војниците и народот на Јужна Кореја.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја минатата недела соопшти дека јужнокорејски беспилотни летала три пати го нарушиле воздушниот простор над Пјонгјанг во рок од седум дена.

Јужнокорејската војска во меѓувреме објави дека Северна Кореја повторно испратила уште балони со ѓубре кон Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Умеров: Украинската армија се вклучи во борба со севернокорејските сили

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

Путин: Ако има фотографии, тие кажуваат нешто