Актерката Кејли Куоко, ѕвезда на популарната телевизиска серија „Бубалици“, се вери по само три месеци врска.
Нејзин избраник е американскиот тенисер Рајан Свитинг.
Веста за магазинот „Е“ ја потврди потпаролот на актерката, а нејзините пријатели тврдат дека Рајан и Кејли се како „сиздадени еден за друг“.
Според истите извори, Рајан ја побарал Кејли за жена, по неодамнешното доделување на наградите „Еми“.