Областа Св. Луси на источниот брег на Флорида потврди дека четири лица загинале откако торнада ја погодиле областа.
„Службите преземаат мерки за рехабилитација на штетите предизвикани од двете торнада кои не погодија во пресрет на ураганот Милтон.
Медицинскиот тим потврди дека четири лица загинале како последица на овие торнада“, се вели во соопштението.
Властите повикуваат луѓето да не излегуваат од домовите бидејќи и натаму постои голема опасност со оглед на поплавените улици и уништената инфраструктура. На Флорида полека почнува новиот ден и се повеќе се гледаат последиците од ураганот.