Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе потпише Меморандум за соработка со Советот на Координативното тело на Источниот плански регион.
Меморандумот ќе го потпише претседателот на Комората Зоре Темелковски на средбата на Координативното тело на која ќе присутвуваат градоначалници на општините што го сочинуваат овој регион, односно од Штип, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Кочани, Македонска Каменица, Зрновци, Карбинци и Чешиново – Облешево.
Според Темелковски функционирањето на планските региони во Македонија е одличен пример за примена на модерните европски бизнис и политички трендови.
– Тоа е модел на Европската унија за ефикасна децентрализација и локална интегрираност. Поврзаноста на општините не прави поотворени во користењето на флексибилна работна сила, помоќни за заеднички инфраструктурни, за енергетски, аграрни и еколошоки проекти, смета Темелковски.
Тој додава дека регионалната и меѓуграничната соработка треба да се приоритет на бизнисмените, компаниите, локалните власти. – Со интегрирање на интересите ние сите сме поатраткивни за финасирање и кредитирање на домашните банки, странските парнери, инвестициските кредитори и фондовите на Европската комисија, вели Темелковски.
Потенцира дека општините од овој плански регион се европската порта на Македонија кон Грција и посебно кон пријателска Бугарија, без предрасуди и стереотипи.
– Овој простор од Западна Бугарија и Источна Македонија можеме да го проектираме како Бизнис- без граници. Тоа е основен мотив и лого на нашата заедничката стопанска комора, истакнува претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора.
Порача дека од овој мал европски регион може и мора да се продуцира и еден препознатлив, заеднички балкански бренд за европските пазари.
– Заедно, вели, имаме повеќе шанси да не остенеме балканска калдрма“.