Проектот „Безбедни училишта”, инициран од ОБСЕ за безбедност на учениците низ училиштата, веќе трета година се имплементира на двете средни општински училишта во Кичево. Овој проект се спроведува во повеќе градови со мултиетничко населени и е одобрен од Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи.
„Во рамки на овој проект во текот на минатата година СОУ ‘Дрита’ и ‘Мирко Милески’ во Кичево имаа голем број активности меѓу учениците, професорите, вработените во полицијата, родителите и претставниците од ОБСЕ за да се поттикне свеста кај учениците и безбедноста во училиштата“ – рече Дејан Илиоски, претставник од Општина Кичево и додаде дека Општината го поддржува секој проект што има цел создавање услови за безбедност на граѓаните.
Благоја Стојановски, директор на СОУ “Мирко Милески”, рече дека тие се „максимално подготвени да ги почитуваме сите правила за безбедност во нашите училишта, реализирајќи голем број проекти во оваа насока”.
Во меѓувреме, Неби Билали, директор на СОУ “Дрита” им се заблагодари на учениците, кои, според нив, направија најмногу за овој проект да биде успешен.
„Овој двор на училиштето нека служи за да направиме вакви заеднички активности, а не да протестираме еден против друг како што има случаи во минатото“ – апелира Билали.
Присутни беа и претставници на СВР Охрид, а настанот се одржа во дворот на заедничкиот објект на двете средни училишта „Дрита“ и „Мирко Милески“.
Fatlume Dervishi