На седницата на турскиот парламент дошло до тепачка, јавува Канал 8. Седницата што ја иницираа пратениците од опозицијата брзо се претвори во хаос и физички пресметки по изјавите на пратеникот на Лабуристичката партија (ТИП), Ахмет Сик, насочени против владејачката АК партија на претседателот Реџеп Ердоган.
Turkish Parliament Erupts in Tensions: DEM Party MP Injured in Altercation#Turkey #DEMParty #Parliament #Kurdistan pic.twitter.com/8ulbA06pjY
— Channel 8 English (@Channel8English) August 16, 2024
Тензиите ескалираа речиси во моментот кога Сик зеде збор, што предизвика жестока реакција, која набрзо прерасна во тепачка.
Потпретседателот на парламентот Бекир Боздаг беше принуден да ја прекине седницата на 15 минути за да се воспостави ред.