Демонстрантите се повлекоа од шините на железничката станица во Нов Белград

Од:

Демонстрантите кои во саботата навечер ја блокираа пругата на железничката станица Нов Белград за време на протестот против најавата за ископ на литиум, утринава по пристигнувањето на полицијата се повлекоа од пругата.

На железничката станица во Белград утринава имаше околу 50 демонстранти на пругата, каде имаа шатори и транспаренти, а бидејќи на местото беше испратена полициска бригада, демонстрантите се оддалечија кон околните улици.

Мала група луѓе останаа на паркингот, некои од нив спиеја во своите автомобили.

Учесниците на протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто синоќа блокираа две железнички станици во главниот град, а помали групи луѓе останаа на станиците „Прокоп“ и „Нов Белград“.

Организаторите претходно најавија дека нивно барање е да се донесе закон за трајна забрана за ископ на литиум и бор во Србија, а еден од организаторите, претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“, Златко Кокановиќ, во саботата навечер изјави дека блокадите ќе траат додека не се исполни тоа барање.

Како што пренесоа некои медиуми, во Претседателството на Србија е одржана средба на која претседателот Александар Вучиќ и неговите соработници разговарале за ситуацијата во врска со протестот и преземањето понатамошни чекори.

Потоа учесниците на протестот се упатија кон мостот Газела од каде поделени во две групи се упатија кон железничката станица „Нов Белград“ и „Прокоп“ каде го блокираа сообраќајот.

Сообраќајот во центарот на градот е воспоставен, а деблокиран е и сообраќајот на автопатот кај мостот Газела.

Би можело да ве интересира

Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград

Горан Наумовски

Дачиќ: На протестите во Белград уапсени се 14 лица, меѓу нив има и странци

(ВИДЕО) Блокирана е железничката станица Прокоп во Белград

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа поради блокирање на мостот „Газела“ во Белград

Протестот во Белград против најавата за ископ на литиум продолжува со блокирање на сообраќајот на мостот Газела

Бојковиќ: Се чини дека сме жртвувани како идна валкана рударска колонија