Д-р Бранимир Несторовиќ денеска се појави на протестот против ископ на литиум во Белград, но толпата го исвиркуваше и навредуваше.
Протест против ископот на литиум и проектот „Јадар“ на компанијата „Рио Тинто“ денеска се одржува во Белград, кај Теразије, од 19 часот, а го организираат голем број еколошки здруженија. Ова е причината поради која центарот на градот, како и околните улици околу Теразиe, во моментов се блокирани за сообраќај.
Да потсетиме, Бранимир Несторовиќ беше нападнат и на 7 август на протестот против литиумот во Обреновац.