Два земјотреса ја стресоа Грција

Од:

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри. Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Вториот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Крит околу 11:20 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри јужно од Ираклион.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес во Грција

Катерина Ѓуровски