Кој беше Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас

Од:

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, кој беше убиен во неговата резиденција во Техеран, е роден во бегалскиот камп Шати во Газа во 1962 година, откако неговите родители побегнаа од градот Аскалан по создавањето на државата Израел во 1948 година.

Ханије студирал на Институтот Ал Азхар во Газа, а подоцна и на Исламскиот универзитет во Газа, каде што дипломирал арапска литература, пренесува Ал Џезира. Додека беше на универзитет во 1983 година, тој се приклучи на Исламскиот студентски блок, претходник на Хамас.

Во групата, тој тесно соработуваше со ко-основачот на Хамас, шеикот Ахмед Јасин, и беше избран на функцијата политички лидер во 2017 година, на местото на Калед Мешал.

Израелските власти неколку пати го затвораа Ханије, а тој го напушти Појасот Газа во 2019 година, по неколку атентати, и оттогаш живее во егзил во Катар. Во израелски напад врз северниот дел на Газа во април, беа убиени неговите три сина и најмалку тројца внуци.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Никој не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, според АП.

Хамас го нарече убиството „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“. Израел не даде изјава во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници луѓе во погребата поворка за Исмаил Ханије

Катерина Ѓуровски

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел