ВМРО-ДПМНЕ: Тендер министерот Филипче кој заедно со Заев стана милијардер да каже како нема грижа на совест за сите кои ги загубија животите заради неговата лакомост

Од:

Филипче очигледно не знае кај се наоѓа збунет е заради парите и луксузот во кој живее збогатен на сметка на граѓаните посебно на тие за кого сега наводно загрижено констатира дека немало платите да им се зголемат, па да го потсетиме:

Наследивме банкротирана држава, сиромаштија, празна ограбена каса.

Да го потсетиме Филипче да не заборавил случајно опиен од богатството кое го дели со Заев како тој работел и кој е епилогот од неговото мешетарење и лоповлук.

Мртви во модуларната заради што до ден денес не одговарал. Го заштити Зоран Заев како што го заштити и Кочо Анѓушев;

Мртви од погрешно справување со ковид;

Мртви заради пљачката која ја овозможуваше на Онкологија;

Хаос во здравството и задолжени клиники;

Инфлација највисока во Европа;

На врв сме во Европа по корупција заради него и неговиот духовен татко Зоран Заев со кого заедно си купуваат исти коли, исти вили, исти часовници.

Уште малце од што е заљубен во Заев сака да се прекрсти во Зоран Филипче.

Статусот на ФБ му го пишувало некое дете кое формално е вработено во Мамас, надзор му прави синчето на Ѓорги Спасов за некоја сума на пари, пошто тие што ги земал од Град Скопје не му се доволни очигледно, а тој, се сонча на некое монденско место кое сите што ги наброја за кои наводно се секира може да го гледаат само на интернет. Затоа го повикуваме нека не глуми наводна грижа туку да каже како заедно со Зоран Заев станаа милијардери и како е можно да нема грижа на совест за сите кои заради неговата лакомост ги загубија животите.

Тендерхирургот на Заев мора да одговара. Лидерското место во СДС не смее да е негова закрила и обвинителството кое се уште е во скутот на Заев и ДУИ, мора да поведе постапки за сите малверзации кои овој доктор за криминал неврохирург на кланот Заеви ги направил, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата