Земјата се затресе на Крит со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала

Од:

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е регистриран на 47 километри од Палајохора, т.е. 170 километри од Ираклион.

Земјотресот е забележан на длабочина од 31 километар, а засега нема информации за материјална штета.

Потсетуваме, во саботата попладне на истото подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени во Грција

Грција ја погодија 11 земјотреси

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес погоди остров во Грција

Земјотрес во Грција