Победник со победник: ДУИ преку американскиот експерт бара озаконување на „Мајскиот договор“

Од:

ДУИ го ангажираше американецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, за да помогне во озаконувањето т.н. Мајски договор за меѓупартиското коалицирање по принципот победник со победник.

Ова денеска на прес-конференција во Собранието го најави координаторот на пратеничката група на коалицијата „Европски фронт“, Блерим Беџети.

„Во партијата усвоивме три резолуции. Секако дека ќе изготвиме решение бидејќи по вторпат во државата се случува да не се почитува легитимитетот. Имајќи предвид каква е етничката реалност во државата, тоа би довело, ако дозволиме така, да се нарушат многу досегашни достигнувања во духот на Рамковниот договор. Истовремено јавно објавивме дека е ангажиран и еден од оние што го изготвија Рамковниот договор и духот на овој договор да се прецизира со законско или уставно решение начелото победник со победник, односно партиите коишто го имаат етничкиот легитимитет и не случајно ние како ‘Европски фронт’ имаме политички став дека оваа Влада нема легитимитет“,изјави Беџети.

Вилијамс е професор по право и меѓународни односи на Американскиот универзитет, предава на Факултетот за меѓународни односи и на Вашингтонскиот правен колеџ. Тој е претседател и коосновач на Групата за меѓународно јавно право и политика (PILPG) – невладина про боно организација.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За бегството на Рамадани владата сама се демантираше, Пандов и Меџити одговорноста ја лоцираа во МВР

Стојаноски: Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Беџити за најавените измени на Законот за локална самоуправа: Откако ќе го добиеме предлогот, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе

Беџети: Законот за реорганизација на министерствата не сме го виделе, ќе дадеме став кога ќе го разгледаме

Али Ахмети ја изгаси „Огнената група“: Му се врати и Блерим Беџети

A1on

(ВИДЕО) Блерим Беџети: Нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата