Ким Јо Јонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска ги нарече неодамнешните воени вежби на Јужна Кореја во близина на границата „самоубиствена хистерија“ и предупреди на можен воен одговор, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Сестрата на севернокорејскиот лидер, која има водечка позиција во владејачката Работничка партија на КНДР, оцени дека тие маневри на Јужна Кореја се „непростлива и експлицитна провокација од Северна Кореја“, објави севернокорејската агенција КЦНА.
Таа, исто така, смета дека јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол создава тензија на Корејскиот полуостров со цел да го оттргне вниманието од внатрешните проблеми.