Контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, редовно ја шокира јавноста со своите бизарни изведби и со текстовите на песните.
„Заштитен знак“ на раперот е да ја удира публиката со патика по глава, во која особено уживаат оние кои доаѓаат на неговиот концерт.
На еден од последните настапи, Десингерица ја турна босата нога во публиката, а еден од обожавателите му го лижеше стапалото. Таа акција, судејќи по реакцијата, го изненади и самиот рапер.
@mafia.bebo #desingerica ♬ original sound – najjaca firmetina bajo
Видеото брзо се рашири на социјалните мрежи, а многумина во коментарите ја изразија својата вознемиреност од ваквиот потег на младиот човек од публиката.