Поради можен терористи акт, тревога во неколку воени бази низ Европа

Од:

Неколку американски воени бази низ Европа прогласија состојба на готовност. Двајца американски официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека нивото на заштита е подигнато на второ највисоко ниво во текот на викендот поради загриженоста дека терористите би можеле да нападнат американски воен персонал или објекти.

Базите, вклучително и гарнизонот на американската армија во Штутгарт, каде што е седиштето на американската европска команда, во неделата го подигнаа нивото на тревога на статусот на заштита на силите „Чарли“.

– Овој статус се применува кога ќе се случи инцидент или ќе се добијат разузнавачки информации што укажуваат дека е веројатна некаква форма на терористичка акција или таргетирање на персонал или објекти – велат од американската војска.

Еден од американските функционери, кој е стациониран во база во Европа, наведува дека вакво ниво на закана не е забележано најмалку 10 години и додава дека тоа обично значи дека војската добила веродостојни информации.

Портпаролот на американската европска команда Ден Деј одби да коментира за зголемената тревога.

Не е јасно кое разузнавање ја поттикнало засилената безбедност, но европските власти предупредија на потенцијална терористичка закана на континентот пред Олимпијадата во Париз во јули и за време на тековното европско фудбалско првенство во Германија.

Би можело да ве интересира

Каменос им понуди на САД постојани воени бази во Волос, во Лариса и во Александрополис