Вучевиќ: Србија е подготвена на компромис за Косово, но на начин да нема апсолутни победници и губитници

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека Србија е подготвена да направи „компромис“ во однос на Косово, но на таков начин што ниту една страна не е „апсолутен победник“ ниту „апсолутен губитник“.

„Подготвени сме да правиме договори и компромиси, компромиси кои значат дека ниту една страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник. Сè друго не може да има долгорочна одржливост“, рече Вучевиќ во интервју за агенцијата АФП.

Во врска со наводите за извоз на српска муниција која преку трети лица завршила во Украина, Вучевиќ рече дека тоа не претставува „српски придонес за една од завојуваните страни“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Верувам дека интересот е да се споиме преку брза пруга помеѓу нашите две држави, Скопје-Белград ќе бидат многу поблиску, но и Атина и Будимпешта и Виена

Регионалното поврзување како дел од идното интегрирање во ЕУ останува приоритет за двете држави, кажаа Мицкоски и Вучевиќ

На Македонија поодамна требаше да и биде дадена можност за напредок кон ЕУ, вели српскиот премиер Вучевиќ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Официјален пречек на српскиот премиер Вучевиќ пред Владата

Поради посетата на српскиот премиер, посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада