Капиталните инвестиции двојно зголемени во последните пет години

Од:

Капиталните инвестиции во земјава во последните пет години во просек бележат раст од по 20 проценти годишно, а од 2005 досега забележале раст од 120 проценти. Во следната година  проектираните капитални инвестиции во буџетот  се за 217 проценти поголеми од оние во 2005 година кога изнесувале 10,19 милијарди денари.

Капиталните инвестиции во Предлог-буџетот за 2014 година се проектирани на 22,5 милијарди денари, а заедно со буџетот на Агенцијата за државни патишта изнесува 32,3 милијарди денари.

Податоците по години покажуваат дека вкупните капитални инвестиции во 2010 изнесувале 15,33 милијарди денари, во 2011 година 17,71 милијарда, во 2012 биле 18,76 милијарди и оваа 24,5 милијарди денари. Гледано по години растот на капиталните инвестиции во 2010 година во однос на 2005 е 50 проценти, во 2011 година 74 проценти и во 2012 во однос на 2005 за 84 проценти.

Следната година од вкупните капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура ќе се инвестираат 13,214 милијарди денари и во однос на 2005 година кога изнесувале 2,251 милијарда денари бележат зголемување од 487 проценти. Годинава инвестициите во патната и железничката инфраструктура се во износ од 8,496 милијарди и во однос на 2005 година бележат зголемување од 277 проценти. Лани инвестициите во патната и железничката инфраструктура биле 4.364 милијарди.

За над 200 проценти има зголемување и кај капиталните инвестиции во образованието. За следната година се предвидени средства во износ од 2,4 милијарди денари и во однос на 2005 година кога биле инвестирани 625 милиони денари бележи зголемување од 211 проценти, а во однос на оваа година кога инесуваат 2,161 милијарда денари зголемувањето е за 245 проценти. Инвестициите во 2012 во образованието изнесувале 1,017 милијарди денари.

Здравството, исто така, е една од гранките каде раст на инвестициите во однос на 2005 година има за 98 проценти. Следната година предвидени се средства во износ од 1,9 милијарди денари за изградба на јавни здравствени установи, меѓу кои Клиниката во Скопје и во Штип. Лани биле 2,370 милијарди, а годинава 2,167 милијарди денари.

Капиталните инвестиции вкупно следната година во однос на оваа бележат раст од 20 проценти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ