А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Препораки до граѓаните и работодавачите по најавите за нов топлотен бран од среда

by А1он18/06/2024 - 20:4718/06/2024 - 21:25860
Share0

Владата на барање на Министерството за здравство, донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава.

Добивај вести на вибер

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), целата територија ќе биде зафатена од Топлотен бран од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, согласно коишто, за периодот од утре 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), е предвидено:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

vremenska

Би можело да ве интересира

Денеска ќе гори, температурата до 41 степен

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 08:33

Mногу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 09:16

Најмногу дожд во Маврови Анови, најмалку во Скопје

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 10:00

Облачно со дожд и ветер

Предраг Петровиќ23/03/2025 - 09:46

Променливо облачно со повремен дожд

Предраг Петровиќ15/02/2025 - 09:26

Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најтопло во Гевгелија

Предраг Петровиќ25/01/2025 - 09:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен