Експлозиите на мини предизвикаа повеќе жртви во Северна Кореја. Инцидентот се случил откако војниците на Народната армија, наводно, преминале во демилитаризираната зона на границата со Јужна Кореја.
Главната јужнокорејска новинска агенција Јонхап објави дека нејзината војска испукала предупредувачки истрели кон група од 20 до 30 Севернокорејци кои ја пробиле воената демаркациона линија.
Инаку, ова е второ прекршување на границата за само две недели, а инцидентот е забележан токму во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин ја започнува посетата на Пјонгјанг, што е негово прво патување во Северна Кореја по 24 години.
Здружениот генералштаб на Сеул објави дека севернокорејските трупи работеле во близина на силно утврдената демилитаризирана зона кога нагазните мини експлодирале, предизвикувајќи повеќе жртви.
– Се чини дека инцидентот е случаен – додаде тој во соопштението за медиумите.
Потсетиме дека јужнокорејската војска испука предупредувачки истрели откако околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминаа границата на почетокот на јуни.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија поради лансирањето на балони од Северна Кореја кои носат ѓубре на југ.
Сеул, исто така, рече дека забележал зголемена градежна активност на Северна Кореја во првите погранични области, како што е поставувањето на противтенковски бариери, зајакнување на патиштата и поставување мини.