Повеќе од 2.000 луѓе се затрупани во лизгање на земјиштето во населба на северот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти денеска Националниот центар за природни катастрофи на Папуа Нова Гвинеја.
– Свлечиштето затрупа повеќе од 2.000 луѓе, предизвика големо уништување на згради и предизвика големи влијанија врз економијата на земјата – се наведува во писмото испратено од Центарот до Обединетите нации.
Повеќе од 150 куќи беа затрупани во свлечиштето, а околу 1.250 луѓе беа евакуирани.
Меѓународната организација за миграција претходно соопшти дека се верува дека повеќе од 670 луѓе загинале во одронот.
Досега се пронајдени само пет тела, додека маж и жена се извлечени живи откако спасувачите ги слушнале како викаат од под урнатините.
Би-би-си јавува дека на некои места луѓе биле закопани на длабочина од десет метри.
Свлечиштето го блокираше пристапот до автопатот, поради што до областа може да се стигне само со хеликоптер.
Премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе изјави дека во потрагата по преживеани и пружање помош учествуваат припадници на итната помош, војската и комуналните служби.