Сиљановска-Давкова: Од Матарела побарав гаранции за евроинтеграциите

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата.

-Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се баззира и во барањето на решенија со соседите, изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, таа средба ја оцени како плодна и конструктивна. На неа разговарале за сестраната соработка во период од 30 години, не само со нас, туку и со целиот регион на Западен Балкан.

-Претседателот рече дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот, да не поддржува нас, во секој поглед, не само во евроинтеграциите, туку и во економијата, образованието, културата, одбраната, па и италијанското и нашето членство во меѓународни организации, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.

-Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре, рече Сиљановска Давкова.

Со средбата со Матарела таа го завршува официјалниот дел на посетата на Рим и Ватикан во рамки на честувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, на која беше на аудиенција кај папата Франциск, а денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Свети Климент“, а потоа положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.

Би можело да ве интересира

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш

Радев за средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

Мециновиќ: Претседателката на државата направи потег кој оди против македонските интереси

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова

(ВИДЕО) Кузеска: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Сиљановска-Давкова во Бугарија

Горан Наумовски