Коперфилд e обвинет од 16 жени за сексуално вознемирување, силување и недолично однесување

Од:

Познатиот американски магионичар Дејвид Коперфилд бил обвинет од 16 жени за сексуално вознемирување и недолично однесување од 1980-тите до 2014 година, кога имале помлади од 18 години, пишува Гардијан.

Од тие жени, три тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред да ги силува, додека други наведуваат дека ги допирал несоодветно или дека ги „средувал“, односно воспоставил емотивна врска со малолетници со намера да ги злоупотреби, пренесува британскиот портал.

Коперфилд ги отфрли сите обвинувања, а неговите адвокати истакнаа дека тој „никогаш не се однесувал непримерно со никого, а камоли со малолетник.

Би можело да ве интересира

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Наум Локоски