Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на убиецот на лекарот во Железара

Од:

Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара.

Би можело да ве интересира

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ