Момче од Скопје и негов пријател запалиле кафе бар во Охрид

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност.

„На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и фрлиле запаливо средство во објектот.

Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП Градски Пазар и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и поголема имотна штета.​

Против лицето за кое е отворена истражна постапка, обвинителството до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се најде на слобода и околности кои укажуваат дека тој ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси маж поради предизвикување пожар

Пироман запалил сува трева во расадник во Кисела Вода

Татко и неговите синови намерно палеле шума и сува трева кај Патишка Река

МВР уапсиле велешанец кој предизвикал голем пожар

МВР: Уапсен е маж кој подметнувал пожари

Уапсен млад пироман од Скопје