(ВИДЕО) Британците покажаа моќно ласерско оружје

Од:

Армијата на Обединетото Кралство го изврши првото тестирање на високомоќен ласер против воздушни цели пред два месеци со оружје што користи „интензивен зрак светлина“ за уништување на беспилотни летала.

Британското Министерство за одбрана рече дека најновото тестирање на системот Dragon Fire означи „голем чекор кон реалната употреба на оваа технологија“. DragonFire е оружје што може да пресретне секоја видлива цел со брзина на светлината.

Министерството додаде дека станува збор за „супер прецизно“ оружје што користи „интензивен зрак светлина за да продре во цел, што доведува до структурен дефект или уништување на целта“.

Сега го покажаа првото видео објавено од британскиот министер за одбрана Грант Шапс.

„Погледнете го првото видео од британското ласерско оружје DragonFire“, напиша тој, додавајќи дека оружјето уништува цели со брзина на светлината.

Во видеото се наведува дека новото оружје е моќно и евтино. Еден напад со ласерски зрак, според британското Министерство за вооружување чини само десет фунти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американската морнарица со ласерски топ уништи беспилотно летало над Пацификот

А1он