Килијан Марфи доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Опенхајмер“.
Ова беше негова прва номинација и актерот беше видно воодушевен и им се заблагодари на сите.
https://www.youtube.com/watch?v=kg9ZYN4NpfY
„Јас сум горд Ирец кој стои овде вечерва“, рече Марфи по прифаќањето на статуата на Оскар во театарот Долби.
„Живееме во атомски свет и мораме да размислуваме за мирот и како да го зачуваме“, додаде тој.
Овој филм убедливо триумфираше на овогодинешните Оскари, освојувајќи вкупно седум награди.