Соња Тарчуловска паднала од тераса, има тешки повреди

Од:

Пејачката Соња Тарчуловска е тешко повредена откако ноќеска паднала од терасата на својот стан во Скопје, објави Вест.

Случајот е пријавен во полиција, но според Вест, сеуште нема официјална потврда ниту МВР, ниту од семејството на Соња Тарчуловска.

Со тешки повреди по телото била пренесена на комплексот клиники во Скопје, каде поради тежината на повредите била задржана на понатамошно испитување и лекување.

Неофицијално, лекарите констатирале скршеници на неколку ребра, на едната рака и на `рбетниот столб.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Терасата од која паднала Соња Тарчуловска

Емир Латифовиќ

Соња Тарчуловска оперирана и е во стабилна здравствена состојба

Емир Латифовиќ