Словенија ја дели загриженоста на некои политичари и експерти дека Русија би можела да започне војна против земјите од НАТО доколку помошта за Украина не е доволна, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
– Ја споделувам загриженоста на земјите дека руската агресија во Украина може да се прошири и во соседните земји. Затоа правиме се што е можно за да обезбедиме мир – вели таа во интервју за Укринформ.
Фајон рече дека учествувала на седниците на Генералното собрание и на Советот за безбедност на ОН за да покаже поддршка за Украина.
– Пред две години бевме шокирани што соседна земја може да ја нападне Украина, да прибегне кон таква брутална агресија – рече Фајон и порача дека „мора да вложиме максимални напори за да најдеме политичко решение за војната“.
Таа нагласи дека Словенија ја поддржува украинската мировна формула и сите мировни иницијативи кои се во согласност со меѓународното право и со Повелбата на ОН.
– Верувам и дека ни треба поширока меѓународна поддршка, особено од Глобалниот југ – додаде таа.
На 23 февруари, Советот за безбедност на ОН одржа отворена дебата на министерско ниво, посветена на втората годишнина од целосната војна на Русија против Украина.