Пинк е Жена на годината

Од:

Billboard, списанието посветено на музиката и музичката индустрија, ја прогласи Пинк за Жена на годината.
Славната пејачка ќе ја прими наградата на настанот „Жените во музиката“ кој ќе се одржи на 10 декември во Њујорк.

Со оглед на тоа што Пинк годинава достигна до врвот на музичката листа Hot 100 со песната „Just Give Me a Reason“, а албумот „The Truth About Love“ веднаш по објавувањето минатата година се искачи на врвот на Billboard 200, уредниците не се двоумеле при изборот.

– Бев апсолутно шокирана и изненадена кога слушнав дека Billboard ме прогласиле за Жена на годината. Ова досега беше извонредна година и многу сум им благодарна на радиото што остана покрај мене, на фановите и пријателите и на сите неверојатно талентирани луѓе со кои имав среќа да соработувам за овој албум – изјавила Пинк.

Минатата година титулата „Жена на година“ ја доби Кети Пери, а претходни добитнички се и Тејлор Свифт и Бијонсе.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ