Холандскиот десничар и победник на парламентарните избори Герт Вилдерс денеска го коментираше доаѓањето на украинските бегалци во таа земја, велејќи дека Украинците не бегаат поради војна, туку поради бесплатното домување и здравството.
„Украинците се собираат во Холандија од цела ЕУ, не поради војната, туку поради бесплатното домување, здравството и нашите работни места. Холандија повторно е село на Европа“, напиша Вилдерс на социјалната платформа „Икс“.
Тој исто така изјави дека тоа го забележале во центарот за регистрација во Утрехт каде, како што вели, секоја недела пристигнуваат стотици Украинци.