Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални „ја покажува невидената бруталност на рускиот режим“.
„Навални се бореше за демократските вредности и против корупцијата“, рече Руте на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека Навални ја платил својата борба со својата смрт, „додека бил чуван во најсурови и најнехумани услови“.
Посакувам многу сила на неговото семејство, на најблиските и на сите кои заедно со него се бореа за промени во Русија“, напиша Руте.