Јирген Клинсман повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја

Од:

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клинсман повеќе не е селектор на Јужна Кореја, објави претседателот на Фудбалскиот сојуз на таа земја, Чунг Монг-ѓу.

Тој на прес-конференцијата рече дека Клинсман е сменет затоа што од него и од тимот се очекувало многу повеќе од пласман во полуфиналето на Купот на нации на Азија.

Јужна Кореја беше елиминирана од Јордан во полуфиналето, а претходно во две елиминациски рунди ги елиминираше Австралија и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Клинсман доби повеќе од 3,3 милиони долари од Фудбалската федерација на САД

Сандра Бошковска