Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе подрачјето на Турција.
Земјотресот е регистриран во 13.04 часот по локално време, а епицентарот бил на 30 километри од Малатја, која беше уништена во разорниот земјотрес минатата година.
Засега не се знае дали има жртви или материјална штета.
Да потсетиме, пред речиси точно една година, на 6 февруари 2023 година, разорни земјотреси ја погодија Турција, и однесоа повеќе од 50.000 животи во таа земја и Сирија.