Полицијата извести дека вчера околу 13.30 часот е пријавено дека во индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И.(49) од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат.
„Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, тврди МВР.