МВР извести дека во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на И.С.(67) од Прилеп, додека возел автомобил „сузуки“ му се слошило и возилото излетало од патот.
„И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството“, извести полицијата.