Aleph Group, Inc., екосистем од локални дигитални експерти и технолошки потпомогнати решенија, ја започнува својата „One Brand’ иницијатива, обединувајќи ги своите уникатни брендови, заедно со Httpool на Aleph- под заедничко име Aleph.
Aleph, познат по своето динамично дигитално огласување и технолошки- водени решенија, со задоволство ви го најавува проширувањето на својата „One Brand“ иницијатива на Балканот. Овој стратешки потег е дел од посветеноста на Aleph за обединување на своите глобални брендови, поттикнувајки го меѓународниот раст и зајакнувањето на партнерствата со индустриските гиганти како Microsoft и Pinterest, меѓу другите значајни платформи.
Проширување на присутноста базирана на цврсти темели
Httpool на Aleph е присутен на пазарот повеќе од 20 години како лидер во индустријата за медиумско претставување, градејќи го својот кредибилитет преку одржување на партнерски односи низ повеќе декади, а сега, преку „One Brand” иницијативата на Aleph која веќе доби глобален карактер, Httpool на Aleph, постапно станува Aleph и ќе продолжи да го шири, своето и онака јако присуство во регионот, и да го зајакне своето место нудејќи им на постоечките и нови клиенти, повеќе можности да го освојат целниот пазар, но и да се прошират на нови пазари во Европа и светот. Иницијативата е осмислена да задоволи различни економски можности на 12-те пазари во регионот. Компанијата, неодамна обзнани за соработката со Microsoft, Pinterest и други, образложувајќи ја својата посветеност во обезбедувањето на иновативни решенија за огласување, локална поддршка за агенциите и огласувачите и за можноста да се прилагодат на побарувањата на различните пазари.
Идно докажување преку разноликост
Балканското разнолико економско сценарио, нуди уникатни предизвици и можности. Регионалната стратегија на Aleph се фокусира на разновидност, уверувајќи во флексибилност и прилагодување во оваа динамична средина. „One Brand“ иницијативата не е само ребрендирање, туку и чекор напред кон можноста флексибилната мрежа на Aleph да им даде неспоредливо поголем пристап до нов, глобален аудиториум, а во меѓувреме и нови бизнис можности на локалните огласувачи и брендовите.
Придобивки за локалните пазари
Во рамките на Aleph како еден бренд, нашите партнери на Балканот ќе имаат придобивки од глобалното искуство на Aleph за дигитално огласување, подобра соработка кога се насочуваат и шират на нови пазари и пристап до поширока понуда на услуги, како што е Aleph Payments, услугите за прекугранични плаќања на компанијата и услугите за одложено плаќање. Со овој иновативен пристап, Aleph ја поедноставува сложеноста на фактурирањето во многу национални валути низ регионот.
Оваа иницијатива ќе му помогне на Aleph да го надгради видливиот напредок, направен неодамна. Од 2021 групацијата се прошири од 90 на повеќе од 130 пазари, сега, распространети на пет континенти; опслужувајќи повеќе од 45 партнери со посветен тим на дигитални експерти ширум светот. Преку својот глобален досег, локалното познавање и прилагодливи решенија, Aleph им помага на клиентите да влезат на нови пазари на економичен начин и со намален ризик што го придружува меѓународното ширење на компаниите.
Едукација и Економски раст
Клучен дел од стратегијата на Aleph е Digital Ad Expert иницијативата, едукациска платформа што има за цел да создаде економски можности преку дигиталното огласување. Со скоро 600.000 активни корисници и преку 75.000 сертифицирани студенти ширум светот, посветени сме на усовршување на уште милиони до 2029, во согласност со целите на Светската Коалиција за Едукација на УНЕСКО. Овој образовен обид ја нагласува визијата на Aleph за помагање на економскиот и професионален развој во областа на дигиталното огласување.
Обединета иднина
„Иницијативата „One Brand“ е повеќе одошто стратегија за ребрендирање; тоа е декларација за нашиот иновативен дух и посветеност за професионалниот развој на нашите партнери и клиенти на Балканот“, рече Јане Бајалџиев, Управител на Aleph во Република Северна Македонија. „ Поставуваме основа за во иднина, каде нашата стручност на глобално ниво и локалните познавања ќе се соединат во создавање најдобра вредност и можност за напредок во регионот.“