ВИДЕО: Вонредна состојба е прогласена на Сејшели по експлозија во индустриска зона

Од:

На Сејшели е прогласена вонредна состојба по големата експлозија во индустриска зона на главниот остров Махе. По експлозијата, градот бил поплавен, а претседателот на Сејшелите, Вавел Рамкалаван, им наредил на сите граѓани да останат дома.

Неколку лица се повредени. Експлозијата се случила во градежна компанија каде што се чувале експлозиви, а зад себе оставила трага на уништување во индустриската зона Провиденс, пишува Би-Би-Си.

Оштетен е и меѓународниот аеродром, иако е оддалечен четири километри од местото на експлозијата. Училиштата се затворени и единственото дозволено движење е влез и излез од островот за одмор.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Сејшели одржа говор под вода и повика на заштита на океаните

Татјана Ташкова