Галант: ИДФ напаѓа нови области во Појасот Газа

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) напаѓаат области на Појасот Газа кои не биле мета од почетокот на војната и ги предупредуваат високите команданти на Хамас во јужниот дел на Појасот.

„Последниве два дена работиме во области каде што не сме работеле во последниот месец и тоа ќе се интензивира. Оваа акција ќе допре до секоја област што треба да се постигне. Одиме на целосна елиминација на организацијата Хамас“, им рекол Галант на резервистите во близина на границата со Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој тврди дека во првиот месец биле постигнати „многу добри резултати“.

Според него, командантите на баталјоните на Хамас во северниот дел на Појасот Газа „веќе многу добро знаат што може да направи ИДF“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа