Муцунски: По повеќе од 15 години, учениците од Долно Лисиче добиваат подобри услови за настава, спорт и рекреација

Од:

Децата од Долно Лисиче, по долги години ќе добијат соодветни услови за реализација на наставата и спортување, ова на својата Фејсбук страна го објави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски кој информираше дека со поддршка на општествено-одговорна компанија, општината започнала со реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче.

„Инвестициите во ова основното училиште опфаќаат целосна реконструкција на фасадата и поставување енергетски – ефикасна фасада, замена на старите олуци и поставување нови, санирање на оштетените делови од зградата, како и целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот исто така вклучува и изведба на надворешно одбојкарско игралиште и паркинг со што ќе се реши проблемот со паркирањето во училишниот двор“, напиша Муцунски.

Тој во својата објава нагласи дека станува збор за прва инвестиција за реконструкција на училишната зграда и уредување на дворот што истовремено е исполнување на едно од главните барања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.

Би можело да ве интересира

Детската улица „Tоше Проески“ доби нов лик

Емир Латифовиќ

Велосипедска парада во Аеродром

Емир Латифовиќ