Пејачката поднесе кривична пријава за “повреда на слободата на приватност во допишувањето”. Милан Поповиќ бил шокиран од нејзиниот потег и веднаш отишол во Загреб за да даде изјава пред тамошниот суд.
Оваа пријава против Милан Поповиќ е само нов детал во спорот кој го водат Северина и тој околу детето, пишува весникот “Blic”. Иако Милан ја повлече тужбата против Севе, таа сега против него води два спора.
Адвокатот на Милан, Љубо Павасовиќ, вели дека неговиот клиент не бара ништо што не е вообичаено и што му припаѓа според хрватскиот закон.
“Тој бара да го поминува секој втор викенд со детето, едно попладне во текот на неделата и половина од распустот или празникот”, вели адвокатот.
Северина бара Поповиќ да го гледа детето исклучиво во нејзиниот стан, бидејќи “така е подобро за детето”. Хрватските медиуми пишуваат дека пејачката се плаши дека Милан би можел да го киднапира детето.