Умре озлогласениот мафијаш поврзан со грабежот кој инспирираше холивудски хит

Од:

Озлогласениот мафијашки бос на фамилијата Бонано, Винсент Асаро кој беше поврзан со грабежот на Луфтханза на аеродромот во Њујорк, прикажан во филмот „Goodfellas“, почина три години откако беше пуштен од затвор на медицински причини.

Винсент Асаро (86) бил дел од мафијашка група обвинета за кражба на речиси 6 милиони долари во грабеж на аеродром во 1978 година. Тој беше ослободен од обвиненијата во 2015 година – за потоа да се најде во затвор за неповрзана пресуда за подметнување пожар.

Во 2020 година, на болниот мафијаш, кој претрпе мозочен удар зад решетки, му беше одобрено ослободување поради стравувањата дека е ранлив на вирусот Ковид-19.

Причината за неговата смрт не е позната, а неговото семејство објави дека ќе биде погребан в петок. Погребот ќе се одржи во католичката црква Света Елена во Квинс, Њујорк.

Би можело да ве интересира

Мафијаш од алчност го уби татко си, исто така мафијаш