Николина Пишек реагираше на забраната за српскиот пејач: Се срамам од музичкиот лов на вештерки

Од:

Хрватската водителка Николина Пишек протестираше против „музичкиот лов на вештерки“ во соседна Хрватска, откако на српскиот пејач Саша Ковачевиќ му беше забрането да настапува во близина на Задар.

Ковачевиќ е уште еден српски пејач во серијата кој доби забрана за настап во соседна Хрватска, кој требаше да се одржи во селото Бибиње. Организаторите тврдеа дека биле принудени да го откажат настапот бидејќи мештаните биле револтирани.

Во оваа прилика се огласи и Николина Пишек која рече дека се срами од „музичкиот лов на вештерки“. Таа ја објави својата фотографија со Саша со опис: „Фотографијата е матна, матни се и времињата“.

„Ако нешто ми беше особено тешко во овој музички лов на вештерки (и се ми е неприфатливо) – тогаш тоа е откажувањето на концертот на Саша Ковачевиќ во Бибиње. Дури и се срамам“, напиша Пишек со фотографијата.

Потоа, таа рече дека Саша „е момче кое секоја мајка би сакала да го има за зет“.

„Учтив, образован, успешен, талентиран, фин, уреден, исчешлан, педантен, елоквентен, спортист. Извонреден вокал и автор, изведувач на прекрасни поп балади. Што не е во ред? Жалам“, додаде таа.

На крајот рече дека ќе дојде на првиот претстоен концерт на српскиот пејач каде и да е тој.

Би можело да ве интересира

Откажан настапот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, организаторот тврди дека мештаните биле против

Предраг Петровиќ