Ќе се реформира и реорганизира Црвениот крст – промоција на новата Развојна рамка „Трансформација 28”

Од:

Црвениот крст на Северна Македонија денеска ја промовираше новата Развојна рамка „Трансформација 28”, документ со кој се најавуваат следните чекори во вид на реформи и реорганизација на националното друштво.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека со документот се таргетираат четири области, реорганизација на инфраструктурата, односно организационата поставеност на Црвениот крст, културолошка трансформација, дигитализација, како и реорганизација на програмите на Црвниот крст.

-Четири области таргетираме со документот. Едниот е поврзан со реорганизација на инфраструктурата, односно организационата поставеност на Црвениот крст. Следиот чекор е поврзан со трансформација културолошка, ќе има и трансформација поврзана со дигитализацијата и се продолжува со последниот сегмент, а е поврзан со реорганизација на програмите на Црвен крст. Ова е наш обид да се предвиди нашиот изглед за реорганизација после пет години. Се работи за амбиција и ќе промовираме нова понуда кон институциите во вид на стекнување на нови партнерства и обид да дадеме придонес во подобрување на условите на живеење, рече Саити.

Претседателот на Црвениот крст Ромел Велев, во своето обраќање рече дека политичките и економските збиднувања може да доведат до неочекувани социјални промени, но како најголем предизвик за Црвениот крст го посочи справувањето со климатските промени.

-Веројатно најголемиот и најдраматичен предизвик пред нас ќе биде справувањето со климатските промени, како резултат на деградација на животната средина, зачестеноста на катастрофите и нивното влијание врз животот на луѓето. Сите овие климатски, економски и општествени збиднувања се очекува да доведат до потенцијално поголеми ранливости на населението што ќе наложи зголемено ангажирање на хуманитарниот сектор за да одговориме на современите предизвици, рече Велев.

Свое обраќање на настанот имаше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која е и покровител на настанот.

-Нашата поддршка како Влада, секогаш ќе биде силна, особено за организации кои што добросостојбата на другите ја ставаат пред се, организации кои што секогаш се први кога се работи за помош која секогаш од страна на волонтерите е вклучена емпатија, разбирање, прифаќање, заштита и поддршка на оној кој му треба помош, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника

Црвен крст одбележува Недела на стари лица

Отворени линии за донации за настраданите во Мароко, Црвен Крст апелира за помош

Македонија досега собра 260.000 евра за помош на Труција и Сирија

Парична помош од 30.000 денари од Црвениот крст на семејствата на загинатите во автобуската несреќа