Откажан настапот на Саша Ковачевиќ во Хрватска, организаторот тврди дека мештаните биле против

Од:

Откажан настапот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ во Хрватска, а организаторот тврди дека мештаните биле против.

Тој требаше да настапи во селото Бибиње кое се наоѓа во близина на Задар.

„На големо жалење на нас како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ, кој беше закажан за 24 ноември. Во нашата работа се водиме од политика на транспарентна комуникација уважувајќи ги ставовите и мислењето на жителите на општина Бибиње поради чие несогласување со нашиот избор за изведувач ја донесовме оваа тешка одлука“, изјавија тие.

Тие ги информираа присутните дека можат да добијат рефундирање за купените билети.

Ви благодариме на разбирањето и се гледаме наскоро на нови концерти“, напиша организаторот.

Ковачевиќ се уште не најавил откажување на концертот во Хрватска. Тој е еден од најпопуларните пејачи на поп музиката на Балканот.

Би можело да ве интересира

Николина Пишек реагираше на забраната за српскиот пејач: Се срамам од музичкиот лов на вештерки